Водопад што прави виножито

 

Речиси 200 метри висок, водопадот Брајдалвељ во Националниот парк Јосемити во САД го  одзема здивот. Она што го прави овој водопад уште повеќе фасцинантен е тоа што претставува „дом“ на виножитото.

Неверојатниот феномен е мешавина на водено испарување и светлина, а трае само неколку минути во текот на залезот на сонцето зад планината. Водопадот е прочуен по маглата која настанува од него, во моментот кога ќе задува ветар.

6970894112_c850de1b51_z

 

Индијанците го нарекувале Похоно, што значи „дух на ветерот кој дува“. Чувајќи го влезот во долината, племето Ахваничи верувало дека водопадот е осветлен од духови, а оние кои ја напуштале долината ќе бидат прококлнати доколку се свртат назад.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Исто така, велат и дека вдишувањето на маглата од водопадот носи среќа на сите кои сакаат да се венчаваат.

[youtube]http://youtu.be/AgctEE4KhIU[/youtube]

- Реклама -