Островот Лорд Хауи (Lord Howe Island) се наоѓа во Австралија.
На оддалеченост од два часа возење од Сиднеј се наоѓа овој вулкански остров што го нарекуваат дијамант на Источниот австралиски брег. Долг е само 11, а широк е два километри. Во неговите брегови удираат бранови на Коралското море, а брегот е богат со вегетација.
Островот не е отворен за секого цело време. Само 400 гости се дозволени во исто време. Токму поради тоа, природата на островот е добро зачувана. На него живеат уникатни и ретки видови на животни, има дождовни шуми, вулкански врвови и секако корален гребен кој може да се набљудува преку чистата кристална вода. Нема популација, нема врева од туристи. Едноставно, Лорд Хауи е парче рај на Земјата.