Кедира: Озил може да му ја донесе титулата на Арсенал

Сами Кедира вели дека Месут Озил е генијалец на теренот и верува дека токму тој може да биде клучната алка во тимот која ќе му донесе титула на Арсенал.

Кедира многу добро ги познава квалитетите на Озил, играше со него во дресот на Реал Мадрид, но заедно настапуваат и во репрезентацијата на Германија.

Месут Озил се покажува како вистинско засилување за Топџиите кои во самиот финиш на преодниот рок успеаа да го донесат од Реал Мадрид за рекордна сума.

Навивачите на Арсенал сонуваат за трофеј веќе долго време, а Кедира смета дека токму Озил е човекот кој може да им го оствари овој сон.

„Арсенал имаше силен тим и претходно, но Месут ги направи најдобри во Англија” – вели Кедира.

Прочитајте и:  Арсенал во проблеми: Три исклучувања, седум загубени бодови

„Сигурен сум дека тој е играчот кој може да им ја донесе титулата. Месут е генијалец на теренот, нема друг начин да го опишете него”.

„Секако дека имаше разочарување помеѓу фудбалерите на Реал Мадрид бидејќи тој е најдобриот во светот на неговата позиција”.

„Но ја разбирам неговата одлука”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -