Се сеќавате ли на „Тропска горештина“?

Тропска горештина ( Tropical Heat) е канадска телевизиска серија. Дејствијата на серијата се сместени во измислениот град Ки Мараја, во американската сојузна држава Флорида.

Оваа легендарна серија е во копродукција со Мексико и Израел, а опишува доживувања на двајца приватни детективи, поранешниот полицаец Ник Слотер и поранешниот туристички агент Силви Џирард, кои решаваат бројни случаи.

Серијата имаше три сезони и вкупно 66 епизоди. Првата била снимена во Пуерто Валјарти, во Мексико, втората во Израел, а третата во Јужноафриканската Република.

Серијата беше емитувана помеѓу 1991 и 1993.

По што ќе ја паметиме?

Некому оваа серија му го одбележа детството. Некој ќе ја памети по најавната шпица, други по акциските сцени, но нема дискусија дека кога ќе се спомене оваа серија секогаш пред ликот ни доаѓа Ник Слотер, со  хавајската кошула. Потсетете се!

- Реклама -