Четири совети парфемот да ви трае подолго

Парфемот трае подолго кога се нанесува на таканаречените пулсни точки: зглобови, зад увото, вратот, од внатрешната страна на лактовите…Еве уште неколку совети како долго да мирисате на својот омилен парфем.

Далеку од светлина

Држењето на парфемот далеку од светло, помага тој да ги задржи своите хемиски својства непроменети, бидејќи светлината може да го промени својството на парфемот, што доведува до промени на миризбата.

 Директно на кожата

Нанесете го парфемот директно на кожата доколку сакате неговата миризба да трае што подолго. Нанесете го на врелите точки, односно оние точки каде што можете да почувствувате пулс.

perfume being sprayed onto a wrist

Не ги тријте рацете

Многумина откако ќе нанесат од парфемот на дланките, ги тријат рацете една од друга. Ова не помага парфемот да остане подолго, напротив, така се уништуваат молекулите, па миризбата се уништува од сржта.

Вазелин или маслиново масло

Нанесете малку вазелин или маслиново масло, на пулсните точки, каде што планирате да го нанесете парфемот. Ова е одличен начин мирисот долго да го задржите на телото.

- Реклама -