Во кои земји смеете да имате секс на плажа?

Во периодот на одмори, препорачливо е да знаете во кои земји смеете, а во кои не смеете да си дозволите да ве понесе страста на јавно место.

Најлошо е во Романија. Ако во таа земја ве фатат како водите љубов на јавно место, максималната казна е седум години затвор. Ако мислевте дека во Хрватска и Шпанија на туристите им е сè дозволено, се лажете. Во двете земји сексот на плажа е забранет. Во Хрватска предвидена е казна затвор и до 3 дена или парична казна од 150 евра. На Мајорка, полицијата е уште поригорозна, ако ве фатат на плажа во љубовен занес, може да платите казна и до 1000 евра.

За секој „недоличен чин” во јавност, како што е бакнување, гушкање и секс, во Дубаи е предвидена затворска казна до три месеци, а потоа „грешниците“ се депортираат од земјата. Скандинавците се најтолеранти кога станува збор за љубовни авантури на јавно место. Во Шведска, за прекршок од таков вид предвидена е казна од само 50 евра, а во Норвешка ќе поминете со љубезна опомена.

Каде смеете да бидете топлес?

На грчките плажи малку женска голотија се толерира, додека во Шпанија топлесот е сосема нормална појава. Иако се ригорозни кога е во прашање сексот на плажа, Шпанците не ги санкционираат девојките кои сакаат да ги сончаат своите гради. Во Хрватска освен што е дозволен топлесот, дозвола има и нудизмот и тоа на голем број плажи. Во Турција топлесот е забранет и тоа не само на јавните плажи туку и во хотелите, освен ако управата на хотелот не издаде посебна дозвола.

- Реклама -