5 знаци дека сте во врска со мамин син

Го запознавте совршеното момче, започнавте врска со него и се ви е убаво, а тогаш ја запознавте неговата мајка и сфативте дека нешто не е во ред затоа што тој пред неа се претвора во сосема друг маж.

Е па тогаш си имате работа со мамин син, а ние ви донесуваме 5 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете веднаш:

Hes-a-mammas-boy1. Го споредува вашето со готвењето на мајка му

Знаеме дека храната на мама е највкусна, но постојаното споредување не е пријатно. Речениците како „Па, баш и не е како на мама“ или „Мама не го прави така“ може многу брзо да станат иритантни.

2. Мајка му уште му ја пере облеката

Иако многу е полесно кога валканата облека ќе му ја однесете некому и ќе ја соберете чиста, постојат граници што ги разликува момчињата од мажите. Ова е особено загрижувачки кога мажот ќе почнее да живее со партнерката, а се уште ја носи облеката на перење кај мајка му.

3. Секој ден се слушаат по телефон или се гледаат

Секој ден му се јавува да му посака добро утро и добра ноќ или за да го праша дали јадел или дали пиел. Ова сценарио го доживуваат многу жени, но кога и тој самиот го прави тоа неколку пати на ден, секој ден, тогаш голема е веројатноста дека станува збор за вистинско мамино синче.

4. Секогаш е на страната на мајка му

„Мама секогаш е во право“, е реченица која жените никако не сакаат да ја слушнат од партнерот. Ако во текот на некоја кавга тој секогаш ја зазема страната на мајка му, го уважува единствено нејзиното мислење или се обидува да ви објасни да попуштите затоа што тоа сепак е неговата чувствителна мајка, тогаш имате проблем.

n

5. Мајка му го посетува без најава

Освен ако не живеете во ист простор редовно да се појавувате на некој дома без најава е малку необично, а можеме да кажеме и непристојно. Не се работи за тоа дека не ја сакате во вашата куќа, туку за приватноста која би требало да му е еднакво важна и на партнерот. Ако нему тоа му е нормално и не разбира во што е проблемот, тогаш повторно имате проблем.

- Реклама -