Иако повеќето сметаме дека дури и оние станови од 30 метри квадратни не се доволни за нормална живеачка, сепак, сфаќаме дека правилно распоредениот простор може да биде претворен во комфорно живеалиште.
Денес ви ја претставуваме оваа малечка гарсоњера која се наоѓа на едно поткровје во срцето на Париз, и каде се е на своето место.
Напуштеното поткровје е претворено во симпатичен мал стан со минијатурна кујна, бања и спална соба, иако впрочем се претставува една просторија.
Во секој случај, ова се дефинитивно најправилно искористените 16 метри квадратни кога и да било досега.