Sony доживеа ренесанса по раскинувањето со Ericsson

Јапонската компанија Sony Mobile беше формирана пред речиси две години кога беше прекинато партнерството со шведскиот производител Ericsson и оттогаш се отвори можноста за самостоен настап на пазарот.

Првиот солиден смартфон на новата компанија беше Sony Xperia tipo, а до сега освен уреди во ниската и средната класа видовме фанатстични мобилни телефони како Sony Xperia Z.

sony-ericsson-split

Одвојувањето од Ericsson му дозволи на Sony Mobile целосно да го искористи изворот на модерната технологија од компанијата мајка, а тоа значеше конверзија на камерите, екраните и мултимедијалните додатоци во насока на новата серија ултра моќни смартфони.

Развојот на Sony Mobile е поставен на здрави нозе и компанијата има учество на пазарот на мобилни телефони од 8 проценти на глобално ниво, но со воведувањето на сите иновации и полесниот пристап до потрошувачите се очекува пласман на третото место, веднаш зад Samsung и Apple кој ќе се оствари во наредната година.

xperia-z-ultra

Според понудениот квалитет на серијата Sony Xperia Z јапонците сосема заслужено би се нашле на третото место со потенцијал за загрозување на позициите на Samsung и Apple, а во ова елитно друштво се приближува и LG.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -