На Интернет деновиве се појавија фотографии на корисничкиот интерфејс на Android 4.4 KitKat, откривајќи детали за иновациите во следната верзија на оперативниот систем на Google.
Како можете да видите од фотографиите, Google се откажува од натписите и панелите за известување со неонски бои и речиси целосно ги заменува со “класичната” црно-бела комбинација.
NFC плаќањата сега веќе ќе се вклучени во “јадрото” на Android без потреба од инсталација на несакани апликации. Во прилог, Android 4.4 ќе добие и вградена поддршка на стандардот Miracast (тоа значи дека со помош на оваа опција ќе можете да направите “огледало” на вашиот екран на компатибилни телевизори). Меѓу вчитаните софтверски апликации ќе присуствуваат и Google Drive за пристап до облак услугата на Google и Keep која ќе Ви дозволи да пополнувате белешки.
Променета е и апликацијата на камерата. Преку неа вие веќе ќе можете да ги гледате снимените фотографии да додавате различни филтри, рамки и ефекти, исто како во Instagram. Опцијата “Printing”, ќе Ви дозволи дирекно да ги испечатите вашите фотографии на претходно приклучен печатач или да ги зачувате во PDF-фајл.
Важно е исто така да се спомене дека на екранот е прикажан “чистиот” Android, кој неодамна почна да се користи од страна на производителите, кои се откажаа од корпоративните интерфејси.
И конечно, се чувствуваме обврзани да Ви споменеме дека премиерата на Android 4.4 KitKat и на новиот Nexus 5 се очекува на 14 октомври.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk