Освен фантастичната храна, Италијанците во светот претставија уште еден генијален изум. Имено, пивара која се занимава и со производство на чоколади , го претстави производот Бира Спламабиле.
Со помош на познавањата од хемија креаторите Наполеон и Лоренци го згуснале пивото во кремаста форма, со два вкуса, светло и темно, со 40 отсто алкохол.
„Едниот е деликатен, а другиот има интензивна арома и силен вкус“, велат тие за Итали Магазинот.
„Ова не е прв пат во Италија и Европа некој да се обиде да направи густо пиво, но мислам дека досегашникте експерименти не беа успешни поради комбинацијата на состојки. Веруваме дека ја пронајдовме вистинската форма за произведување на висок квалитет. За нас ова е иднината“, вели Клаудио Лоренци, кој планира да се прошири производот на голем пазар.
Изумителите препорачуваат да се јаде со тост и сирење, но може да послужи и како полнење за пита и колачи.