Револуционерно: Откриен нов лек против ракот на кожа

Научниците веруваат дека овој лек ќе има одлични резултати и кај останатите типови рак. До сега само еден од шест пациенти со рак на кожа се излекуваат, но со примената на новиот лек бројот на излечени може да биде поголем.

Судејќи според резултатите до кои дојдоа научниците, ракот на кожа наскоро ќе може да се лечи. Откриен е лек кој за сега се нарекува „спектакуларен“ и кој покажа одлични резултати, дури и кај пациенти со рак на кожа во понапредна фаза.

Според пишувањата на „Daily Mail“, научниците веруваат дека овој лек ќе дава одлични резултати и кај останатите типови рак. На Европскиот конгрес за лекување рак претставени се податоци дека за сега само еден од шест пациенти со рак на кожа е излечен, но дека со примена на новиот лек бројот на излекувани ќе биде поголем.

Професор Александар Егермон од Институтот Густав Руси во Франција рекол дека докторите сега за прв пат може да го употребат зборот лек кога станува збор за рак. Тој истакнува дека се работи за голем напредок и дека докторите сега се во можност да го контролираат ракот и во доста напредна фаза.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Млад Американец тврди дека поради брзата храна добил рак

Првиот лек што се појави беше ipilimumab или MDX-010, кој во комбинација со anti-PD1S дава одлични резултати во лекувањето. На пациентите лекот им се дава низ инфузија во траење од еден час, по што заминуваат дома. Во периодот од 12 недели пациентите примаат четири такви третмани, а со малку среќа, веќе првиот третман го обновува имунолошкиот систем кој понатаму сам ги убива ќелиите на ракот.

Ракот на кожа е најчест облик на рак, а проблематично кај него е тоа што во голем број случаи се открива дури во фаза кога ракот метастазира и ги зафаќа другите органи како бубрезите и белите дробови. На пациентите во таа фаза им остануваат само неколку месеци живот.

Професорот Александар вели дека ова е толку големо откритие затоа што по 27 години истражување на ова поле, дури сега гледа светлина на крајот на тунелот. Децениии биле потребни за нешто да се направи на ова поле.

Од ракот на кожа годишно умираат околу 100 000 луѓе, но се верува дека благодарение на ова откритие во наредните десет години ќе биде целосно излечлив.

- Реклама -