Полицијата во Флорида, се обидува да го открие идентитетот на маж кој се обидел да ја плати сметката за вода со кокаин.
Непознатиот маж влегол во канцеларијата и поднел плик во кој немало пари, туку мала количина бел прав. Властите веднаш реагирале и пристигнале во канцеларијата со експерти , за да можат да ја анализираат супстанцијата.
Белиот прашок се испоставило дека е кокаин, а камерите го снимиле човекот кој бил облечен во маичка и кратки панталони, а по исплатата тргнал со велосипед.