Ослабете за 7 дена и уништете 3000 калории

За да би се решиле од вишокот килограми и да се ослободите од масните наслаги не морате да гладувате или секојдневно да ја посетувате теретаната. Едноставно, побарајте го решението во секојдневниот живот. Дознајте како за 7 дена да потрошите и до 3000 калории.

Физичката активност е едно од клучните решенија за добрата линија, а со вршењето на одредени домашни работи, или некои хобија од секојдневниот живот, можеме да потрошиме навистина многу калории.

čistačica ilustracija

Подолу ви прикажуваме листа на активности кои ќе ви помогнат да ослабете и до 3000 калории во една седмица:

Чистење на прозорци – 336 kcal во 1 час

Метење на под – 240 kcal во 1 час

Усисување – 215 kcal во 1 час

Миење на подот – 325 kcal во 1 час

Пешачење по нагорнина – 500 kcal во 1 час

Играње со кучето – 210 kcal во 1 час

Возење точак – 454 kcal во 1 час

Возење ролери – 430 kcal во 1 час

- Реклама -