Битолска Млекарница со холандска експертиза влегува во нови инвестиции

„Битолска Млекарница“ потпиша меморандум за соработка со кој ангажира врвни експерти од Холандија, земја со најнапредна биотехнологија за производство на млеко во светот, за да ги помагаат и да обезбедуваат совети за реализација на новите инвестиции на млекарницата планирани да започнат во најскоро време.

Според плановите во следните 2 години ќе се инвестираат околу 5 милиони евра, а целокупната инвестиција од околу 9 милиони евра ќе се заокружи до 2018 година. Една од целите на овие инвестиции е зголемување на квалитетот и обемот на производството на млеко во македонските фарми и обезбедување на поголемо снабдување со млеко во регионот.

Меморандумот за соработка го потпишаа г-дин Златко Најдовски генерален менаџер во Бимилк, Johan Jan van den Berg – координатор за PUM Netherlands Senior Experts во Македонија и Arthur Matthijs van Praag CEO на холандската агенција PUM Netherlands Senior Experts.

2013-09-27 17_31_21-DSC02547 - 1

„Бимилк како млекарница со долгогодишно искуство на македонскиот пазар со години наназад вложува во унапредување на своето производство, инвестирајќи во нови софистицирани технологии и добивајќи ги највисоките сертификати за безбедност и квалитет на производството и производите.

Воведувањето на софистицирана технологија во процесот на производство не само што придонесе за подобрување на квалитетот на производите туку во исто време новата технологија создаде можност за проширување на асортиманот и креирање производи што поблиску ги пресретнуваат барањата на потрошувачите. Создавајќи производи по мерка на потрошувачите „Бимилк“ ја оправда довербата на потрошувачите и на тој начин уште повеќе ја зајакна својата позиција на пазарот. Со завршувањето на првата фаза од инвестициите сметаме дека „Бимилк“ ќе биде меѓу најдобрите млекарници од Балканот.“

- Реклама -