Џенифер Анистон е позната по својот беспрекорен изглед, но дури и таа има „лоши“ денови.
Не е ништо што очилата за сонце и капа не можат да сокријат, но папараците се забележуваат…
45-годишната Џенифер Анистон во секоја прилика сјае, но овој пат папараците ја фатиле во Њујорк пред познатиот салон за убавина Georgie Louise Atelier специјализиран за „затегнување на лицето“.
Познатата актерка се обидела да се сокрие под големите темни очила за сонце и капа, но нејзиното црвено лице откри дека била на третман од 400 долари, пишува Daily Mail.
Џен можеби се подготвува за долгоочекуваниот настан. Иако се пишуваше дека раскинале со Џастин Тери, двојката е видена во Њујорк цврсто држејќи се за раце, а познатата актерка сеуште го носи дијамантскиот веренички прстен.