Откако Sony се раздели со својот претходен партнер Erricsson најави дека сите свои иновации и врвни продукти ќе ги спои во еден паметен телефон, кој би бил најдоброто нешто од компанијата. Иако како првична идеја тоа беше Xperia Z, сепак Sony на IFA конференцијата во Берлин најави и ја оствари својата цел “Најдоброто од Sony да стане уште подобро”.Станува збор за еден врвен и водечки паметен телефон на Sony, моделот Xperia Z1, за кој ќе стане збор во оваа рецензија.
Дизајн
Иако Xperia Z1 е една многу добро префинета верзија на Xperia Z, сепак овие два модела припаѓаат на една иста фамилија. Исто како и нејзинот претходник така и Xperia Z1 е направен од две стаклени плочи, кои се прицврстени заедно со една метална рамка. Тој има малку поголеми димензии и е потежок за разлика од Xperia Z, меѓутоа тоа се должи на вредните подобрувања кои добро се вклопени во новиот модел. Sony има потрошено многу средства, оддавајќи им големо внимание на деталите на Xperia Z1. Металната рамка, која го опкружува уредот е направена од еден лист од метал, кој е двојно анодизиран за да создаде одличен завршен изглед. На задната страна, камерата е опкружена со прстен од нерѓосувачки челик, кој придонесува во префинетиот изглед. За жал, стаклото може многу лесно да се валка и отпечатоците од прстите остануваат на предниот и задниот дел од Xperia Z1.
Sony и понатаму продолжува да ги прави своите нови уреди водоотпорни. Важно е да се напомене дека Xperia Z1 може да слика и под вода, што значи дека поголем дел од конекторите мора да бидат прекриени со капачиња, што би било здодевно при користењето на истите. Но за среќа, 3.5милиметарскиот прикличок не е покриен што беше случај со претходникот Xperia Z, па така USB портата е единственото нешто што треба да биде откриено секој пат кога сакаш да го наполниш уредот.
На левата страна на уредот постои MicroSD слот, додека на десната се наоѓа SIM слотот, кои исто како и USB портата се прекиени со капаче. Големото кружно копче за вклучување и исклучување на уредот се наоѓа на страничниот дел со истите детали, а под него се копчињата за звук како и двостепенско копче за камера.
Предниот дел е претежно составен од големиот 5 инчен екран, иако има и малку закосени делови на деловите над и под екранот. Сепак зачудувачки е тоа што Sony го нема искористено долниот дел за Android копчињата.
Спецификации и перформанси
Кога сме кај спецификациите, важно е да се напомене дека Xperia Z1 содржи Qualcomm SnapDragon 800 процесор, кој работи со фрекфенција од 2.2 GHz. Има и други паметни телефони, кои се најавени со истиот процесор, но сепак тие не можат да му бидат некоја конкретна конкуренција на овој модел. Xperia Z1 е неверојатно енергичен уред, кој дефинитивно е многу побрз и е со помало задоцнување од 8 јадрениот процесор на Samsung Galaxy S4 и HTC One. Според Ice Storm тестот спроведен од страна на 3DMark, Xperia Z1 поседува скор од 16824 поени, кој што досега е најдобриот резултат.
Екран
Sony одлучи за новиот модел Xperia Z1 да користи TRILUMINOS екран за мобилни телефони, која претставува технологија иста како и таа што е користена за новата 2013 линија на Sony телевизори. Triluminos екраните ја користат светлината од LED диодите од трите основни бои: црвена, сина и зелена за осветлувањето со течни кристали. Со оваа проширена палета на бои што екранот ги репродуцира и подобрената чистина на боите можете од поблиску да ја видите сенката од објектите на екранот. Со други зборови, сакам да кажам дека екранот има поголема палета на бои за репродуцирање на сликите на екранот.
Камера
Една од областите каде Sony се има навистина фокусирано е камерата, која доаѓа со Xperia Z1. Sony го има искомбинирано својот Exmor RS со 1/2.3 инчен сензор и резолуција од 20.7 MP, со BIONZ технологија за процесирање на слики со цел да ја добие најдобрата камера на мобилен телефон до сега.
Sony исто така додаде неколку ефекти и функционалности на камерата како што се: burst модот за сликање со кое може да се слика 60 слики, модот за панорама, филтер за слики и AR ефекти со кои може да внесете виртуелни ефекти и објекти во вашите слики. Импресивно е тоа што сите овие ефекти и функционалности се достапни во рамките на апликацијата за камера. Уште една важна опција е тоа што можете директно да го пренесувате она што го снима со вашата камера на Facebook и да ги гледате сите коментари директно на вашиот екран.
Заклучок
Да резимираме… Sony не заборава дека телефоните со големи екрани и брзи процесори побаруваат повеќе енергија за да би траеле повеќе. Xperia Z1 доаѓа со 3300 mAh батерија, која може да издржи и повеќе од еден цел ден во 3G мрежа без користење на безжичен интернет. Sony Xperia Z1 поседува и така наречен Stamina мод за штедење на енергија со кој може да издржи и 2 до 3 дена во нормален режин на работа.
Цената за Xperia Z1 за Средниот Исток ќе биде позната кон крајот на Септември. Но без разлика на цената, вие ќе добиете неверојатно брз Android телефон со брилијатна камера и врвен дизајн.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk.