Намирници кои се лоши за комбинирање

Спојот на одредени намирници може да ја намали нивната хранлива вредност и да влијае негативно на нашето здравје. Погледнете кои комбинации на намирници треба да ги избегнувате. Доколку одредени намирници ги јадете заедно, негативно ќе влијаат една на друга. Последиците од нив се подуеност, колитис, лошо варење, мигрена, артритис, кандида или хроничен умор, особено после оброкот.

Месо и сирење

Калциумот од млечните производи ја отежнува апсорпцијата на железото од месото. Инаку, при ваквата комбинација се внесуваат премногу белковини од животинско потекло, што ги изцрпува бубрезите.

Coffee-and-milk-coffee-909061_1024_768

Млеко и кафе

Популарното кафе со млеко за многумина е претешко бидејќи овие намирници заедно создаваат смеса за чие варење се потребни цели три часа.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Месо и компири

Оваа комбинација предизвикува надуеност, подригнување и гасови. Празнењето на желудникот е забавено, што предизвикува запек, но и брзо протерување на несварената храна. Чуството на исцрпеност и умор после ваквиот оброк е неизбежно.

- Реклама -