LAMBORGHINI ЌЕ БАРА „ВТОРА КИНА“

Lamborghini ќе бара нов пазар за замена на оној во Кина, обидувајќи се да реагира на се послабата продажба во најбрзо растечката економија во светот. Еден од можните такви пазари според раководството на Lamborghini е оној на Индија, или пак САД, каде што компанијата се надева да ги оствари проектираните резултати годинава.

261_Lamborghini-470-3

-За жал нема многу пазари како овој во Кина. Токму таму го наоѓавме најголемиот предизвик во моментов. Ова е втор по големина пазар за нас, но мислам дека многу добро знаете каква е државната политика во земјата. Во моментов на луѓето им е тешко да си купат луксузна стока, поради дополнителните оптоварувања, но и некои други пречки, истакна извршниот директор на Lamborghini, Штефан Винкелман пред новинарите во Њу Делхи.

493_Lamborghini-1000-5

Во последните години продажбата на Lambоrghini во Кина имаше во просек 230 продадени единици. Подобар годишен резултат Италијанците реализираат само во САД . Во последно време, скапите спортски автомобили во земјата сe „поврзуваат“ со корупција и нечесност, а нивните сопственици се подложени на постојани проверки од страна на властите. Токму тоа ги тера потрошувачите да направат избор кон скромни автомобили. Индија, од друга страна, е третата најголема економија во Азија. Во земјата се нудат повеќе луксузни автомобили. Основен модел на Lamborghini во Индија чини 370.000 долари. Минатата година Италијанците пласирале само 17 автомобили во земјата, а во оваа се надеваат бројката да надмине 20. Експертите сметаат дека на Lamborghini нема да му е воопшто лесно во втората по популација земја во светот, каде што данокот за луксузен автомобил надминува 100%. Другиот главен проблем се прошарани со дупки патишта, како и „загушените“ големи градови.

Текстот е објавен во соработка со avtoplus.mk

- Реклама -