Football Manager 2014 е најавен за 31 октомври

Football Manager 2014, наредната верзија од овој успешен фудбалски симулатор на Sports Interactive и Sega, ќе се појави на 31 октомври за Windows, Mac и Linux платформите.

Новата верзија од оваа игра ќе донесе околу 1000 подобрувања во однос на претходните верзии, меѓу кои една од најголемите е поддршката за сервиси базирани на облак. Целосната листа на овие подобрувања може да се најде во официјалната објава.

Тие кои ќе резервираат предвремено, ќе добијат пристап до бета верзијата две недели однапред.

За да се прослави лансирањето, беше промовирано специјално видео со детали околу Football Manager 2014. Истото можете да го проследите подолу.

[youtube]http://youtu.be/oQqV1v-BaA8[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -