Запознајте го „Вили Вонка“ на марихуаната (видео)

Иако нема многу сличности со Џин Вајлдер, тој го има она што многумина од денешните „кул клинци“ го сакаат. МАРИХУАНА.

Претприемачот Трип Кебер од Колорадо, ја револуционизира прехранбената индустрија, користејќи ја марихуаната како главна состојка.

Кебер е првиот пропонент на масовно производство на комерцијални продукти со марихуана, како храна, напитоци и се друго што може да ве направи „хај“ без всушност да вдишите од димот.

Претприемачот ангажирал доктори, научници, биохемичари и професионално обучени готвачи за да им овозможи на потрошувачите разни лесно-конзумирачки ТХЦ продукти.

2037354_the-willy-wonka-of-weed_epsicuaitwlfo42x7yedw6mpvtncurxrbvj6lwuht2ya6mzmafma_610x374
Зад него стојат инвеститори и големи суми пари. Тој е решен да ги пренесе домашно-подготвените „јадења“ кои содржат и до 75-85 проценти ТХЦ, од домовите, на лента за масовно производство, а тоа би се случило секаде каде би се легализирала марихуаната.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Повелете на мала прошетка низ Кеберовата „Dixie Botanicals“ и погледнете што тој и неговите прогресивни гении имаат на ум да зготват. Сеуште нема знаци од некаков златен тикет како оној на Вонка, но признајте, многумина би сакале да го добијат и да ја посетат „зелената“ фабрика на Трип (уметничко име, можеби?).

- Реклама -