Tепачка за новиот Ајфон (видео)

Tри лица се уапсени во Калифорнија, по избувнувањето на општа тепачка пред продавницата на „Епл“, каде имало огромни редови за чекање поради стартувањето на продажбата на новиот Ајфон.

Имено, потенцијалните купувачи изнајмиле бездомници, наместо нив да чекаат ред за купување на моделите  5C и 5S. Хаосот и невидената тепачка започнале кога дел од купувачите не успеале да дојдат до примерок од телефонот, бидејќи веќе се распродале, а незадоволството го искажале така што одбиле да им платат на луѓето кои наместо нив, со часови чекале ред.

0246007.73

„ Ме прашаа вчера дали би чекала ред, па за тоа да добијам пари. Нормално дека се согласив, и онака немам што друго да правам“, изјавила една од луѓето, која не сакала да открие за колку пари ја прифатила „работата“.

Сепак, некои од бездомниците откриле дека им биле понудени 35 долари, за чекање во редот, неколку часа.

[youtube]http://youtu.be/ee7W0MieOvA[/youtube]

 

- Реклама -