На страна генетиката и физиологијата од која не може да се побегне, целулитот кој е резултат на мрзливиот начин на живот и нездравата исхрана и тоа како треба да го спречите. Еве неколку совети како:
Исфрлете ги од „менито“ слатките, грицките и рафинираните производи, белото брашно и шеќерот кои влијаат на брзото настанување на масно ткиво. Избегнувајте сувомеснати производи, мрсни сирења, а внимавајте и на внесувањето на леб или житарици, кои се голем извор на сол во нашата исхрана.
Натриумот од солта врзува вода на себе и така влијае врз настанувањето на целулитот, па затоа избегнувајте и пресолена храна кога сте во можност. Во текот на денот пијте многу течности во облик на вода, овошни сокови и билни чаеви.
Секојдневно конзумирајте квалитетни извори на протеини и овошје и зеленчук во разни бои. Недостатокот на протеин ќе ве доведе до губиток на колагенската цврстина на кожата, а антиоксидантите од од овошјето и зеленчукот ќе ги зајакнат вените и капиларите и го подобруваат тенот на кожата.
Освен наведеното, избегнувајте цигари, алкохол, кафе, газирани сокови и овошни сирупи.