Претходните неколку ден имавме можност да го тестиравме таблетот HP ElitePad 900. Всушност ова е првиот таблет на HP со Windows 8 кој е наменет за бизнис светот.
Може на прв поглед нема веднаш да ве плени, бидејќи сите сме навикнати на „шминкерските“ таблети од другите производители, тенки и фини, но, ElitePad 900 ќе ви овозможи потполно спротивно чувство кога ќе ја искусите неговата моќност и можности. Стабилен, брз уред кој е посебно прилагоден за работа на Windows 8 Professional оперативниот систем.
Изглед, дизајн, влезови и излези и додатоци
Основно, на таблетот се наоѓаат копчињата за намалување/појачување на звукот, влезот за полначот, за слушалки, слотот за мемориска картичка, копчето за ротирање на екранот (овозможено/исклучено) и нормално копчето за заклучување односно исклучување. Најбитната работа е конекторот преку кој со поврзување со dock сталаг или cover –от се добиваат многуте дополнителни можности.
Она што е многу позитивно е што во пакувањето добивате „cover“ односно додаток на таблетот со дополнителни влезови и излези (2 USB слотови, HDMI, dock конекто) како и docking сталаг на кое има 4 USB излези (по 2 од двете страни), HDMI, излез за монитор и line out.
Овој таблет има голема прилагодливост односно со поврзување на маус и тастатура добивате мини компјутер. Дизајнот е класичен, куќиштето е алиминиумско и е тежок е околу 680 грама. Multi-touch екранот е со Corning® Gorilla® Glass 2 и со резолуција од 1280×800 px. Предната камера е 2,1 MP (за видео повици), додека задната камера е од 8 MP со LED блиц.
Поврзувањето преку HDMI со ТВ овозможува бизнисот да го помешате со задоволство додека гледате некое филмче.
SSD хард дискот ви овозможува брзо стартување на Windowsot. Има капацитет од 32 Gb но по инсталираниот Windows 8 просоторот се намалува на околу 12-14 Gb.
Батеријата може да издржи до 10 часа работа, што е доволно уредот да издржи целосно во текот на работите часови.
Негативности:
• не подржува USB 3.0
• слаб звук при снимање на видео
• просторот (вграден) кој за некого ќе биде мал доколку не го дополни со SD картичка