Почина Јамаучи, човекот кој го создаде Нинтендото

Денеска почина 85 годишниот Хироши Јамаучи, еден од најбогатите луѓе во Јапонија и долгогодишен претседател на компанијата „Нинтендо“ .

Тој остана на челото на „Нинтендо“ од 1949 до 2002 година и ја трансформираше компанијата од производител на картички на спортисти, во светски гигант на пазарот на конзоли за видео-игри.

Иако Јамаучи го поседуваше и бејзбол-тимот „Маринс“ од Сиетл, тој е познат по тоа што не посетил ниту еден натпревар на својот тим.

- Реклама -