Котролирајте видеа со вашите очи!

Virgin Mobile претстави нова можност на нивната YouTube страна – со секое трепкање на окото, на екранот се менува нова реклама. Се вика „BlinkWashing“ и звучи како дел од некоја дистописка иднина, но, всушност е многу забавна играчка. Откако ќе му дадете дозвола на Virgin Mobile за пристап до вашата веб камера, треба да трепнете неколку пати за да се фокусира на вашите очи. Веднаш потоа започнува со емитување на 25 рекламни клипови. Секој пат кога трепкате, рекламата се менува.

Изгледа вака некако:


Работи и преку очила, се додека случајно не ја помрднете главата после калибрациониот период. Како што и самите ќе помислите, тешко дека освен забавниот дел, ова има некакви корисни особини, особено заради фактот дека порано или подоцна мораме да трепнеме. Навистина е тешко да изгледате цела реклама. Од друга страна, да контролирате нешто со вашите очи е во најмала рака интересно и забавно. Пробајте и сами на YouTube страната на Virgin Mobile.

Патем, помислете на можностите на оваа технологија. Можеби во иднина ќе можеме да ги користиме нашите очи како далечински управувачи – ги фокусирате на предмет, трепкате и давате команда, а потоа само се завртувате настрана и продолжувате со што и да сте правеле.

- Реклама -