Seavus едукативниот и развоен центар и Ford Ми Да Гранд Моторс оваа сабота (21.09) во Градски парк, Школка организираат настан кој има за цел на едно место да ги собере сите креативни дизајнерски и програмерски умови, кои преку работа на една од трите зададени задачи ќе имаат можност да освојат вредни награди.
Настанот го носи името „Прифати го предизвикот”, a организаторите на овој настан одлучија за сите заинтересирани учесници да зададат три задачи: прво, да дизајнираат Ford Fiesta, второ да програмираат Fiesta трка и трето да ја адресираат својата мрежа или витруелно да склопат компјутер.
Секој учесник ќе има можност од зададените три задачи да одбере една на која ќе работи и потоа со сработеното ќе стане потенцијален добитник на некоја од наградите кои ги доделуваат двете компании.
Ова е еден од ретките примери кога две компании од различни дејности се спојуваат да организираат настан кој пред се е едукативен и може да открие големи дизајнерски и програмерски умови.
Seavus едукативниот и развоен центар е водечки едукативен и развоен центар во Македонија. Ми Да Гранд Моторс е овластен и ексклузивен импортер на возилата Ford во Македонија, за овој настан од компанијата одлучија новата Ford Fiesta која е најпродаван автомобил во својата класа во Европа да послужи како инспирација за учесниците на настанот и потенцијални студенти на Академиите за дизајн, програмирање или компјутерски мрежи на Seavus едукативниот и развоен центар.