Хади Пормосени, сопственик на BMW M6, имал технички проблеми со неговиот автомобил од 160,000$, па така автомобилот го однел на неколку BMW сервиси низ цела Италија. Проблемите не биле решени ниту низ BMW Италија, како што ни BMW Германија не сакале да превземат одговорност за поправка на неговите проблеми.
Па така Хади го однел својот автомобил во Франкфурт на Интернационалниот саем на автомобили и почнал да го уништува своето скапо милениче заедно со својот пријател со чекан и со секира. Нареден чекор на Хади ќе биде да го поправи уништениот автомобил и да го повтори истото уништување пред Бундестагот во Берлин.