Наредниот вторник, и покрај бројните шпекулации, ќе биде прикажана шестата епизода на “X Faktor” во живо, со уште еден гостин кој ќе настапи во ревијалниот дел.
Популарната наша пејачка Калиопи Букле ја прифатила поканата од продукцијата на “X Faktor”:
– X Faktor е најголемото светоско шоу кое ја обиколи планетата. Да се биде или да не се биде, адреналин, модерна драма, која ни самиот Шекспир немало подобро да го изведе. За мене е голема среќа да бидам гостин на “X Faktor”!- рекла Калиопи која за публиката за оваа емисија подготвува незаборавно музичко доживување.
Инаку, на социјалните мрежи деновиве се следи здраствената состојба на финалистите на ова шоу-програма, а дека кандидатите успешно опоравуваат од настинката потврдуваат и нивните ментори. Кристина Ковач на својот официјален Фејсбук профил напишала:
– Со „Доктори“ во подобрување, започнаа пробите:))))))) Се зажелив за креативност, спремаме супер вокален аранжман. Ред, работа и дисциплина!“.
Изгледа дека кај Кристина се знае кој е главен, а дали Доктори ќе останат финалисти и ќе ги оправдаат очекувањата на судиите на “X Faktor” и публиката, останува да видиме во новата епизода во вториник.