Иако до следниот Евросонг во Данска останува нешто повеќе од пола година, Австрија веќе одбра изведувач и песна која ќе ги претставува – транвеститската ѕвезда Кончита Вурст!
Кончита е всушност ѕвезда на транвеститско шоу, а правилното име му е Томат Том Неувирт. Тој/таа со песната „That’s What I Am” на минатиот националниот натпревар го освои второто место, но сега челниците на австриската јавна мрежа ORF се одлучиле токму Кончита со својата брада да ја претставува оваа земја во Копенхаген во мај 2014.
Кончита Вурст (уметничкото презиме Вурст значи колбас, па австриските медиуми веќе го нарекоа „брадестиот колбас“) односно Том Неувирт постанал познат во Австрија по учеството во тамошното реално шоу слично на Јас имам талент – Die grosse Chance.