Осветената вода може да ви наштети

И покрај наводните тврдења дека осветената вода е лековита, всушност, таа може да биде повеќе штетна отколку од помош. Барем според најновото истражување во Австрија, во кое беа тестирани 21 извор во земјата и 18 фонтани во Виена. Научниците од Медицинскиот универзитет на Виена, открија дека примероците содржат 62 милиони бактерии по милилитар вода, што ја прави небезбедна за пиење.

Резултатите велат дека 86 проценти од „светата вода“ што се употребува при свадби и крштевки, е инфицирана со бактерии што често се наоѓаат во фекалиите, како што се ешерихија коли и ентерококите, што може да доведе до дијареа, стомачни болки и треска.
Нитрати, честа состојка на фертилајзерите употребувани на фармите, исто така, беа најдени во водата. Водата со поголема количина од максимално дозволената, може да предизвика сериозни болести, особено кај бебиња помали од 6 месеци, што може да доведе и до смрт ако не се третира.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
http://big.assets.huffingtonpost.com/exorcismholywaterunpure.gif
Некои работи сега се појасни

„Мора да ги предупредиме луѓето да не ја пијат водата од овие извори“, вели Д-р. Александер Киршнер, микробиолог на Медицинскиот универзитет во Виена.

Студијата откри дека бактериите ги има во водата во сите цркви и болнички капели – што попосетена е црквата, поголем е бројот на бактерии. „Ова е проблем што до сега беше потценуван, особено во болниците, каде што голем дел од луѓето се со ослабен имунитет.“ – вели Киршнер.

Уште од пред неколку години, постојат напори за похигиенска употреба на „светата вода“, како што е филтерскиот изум на еден италијански свештеник. Студиите велат дека додавање на сол (до препорачаните нивоа од 20 проценти) може, исто така, да го подобри квалитетот, но Киршнер, од друга страна, смета дека најдоброто решение е свештениците редовно да ја менуваат водата во црквите и да постават знаци за да ги информираат поклониците за ризиците и потеклото на изворите.

- Реклама -