Благодарение на ова писмо и интернетот, татко ја пронајде својата одамна загубена ќерка

Мајк Хогбен има 71 година, а не ја видел својата ќерка Менди веќе 27 години.

Во игрите со судбината, благодарение на фотографијата од неговото писмо на друштвените мрежи, тој повторно успеал да стапи во контакт со ќерка си.

Британецот се развел уште во 1980 година, а ќерката ја видел последен пат во 1986, кога таа се омажила и го променила презимето. Тој факт толку го мачел 71 годишниот Хогбен што напишал писмо и го ставил на излог пред канцелариите на локален весник, па некој го фотографирал и го ставил на друштвените мрежи.

0769007.73

„Прости ми, Менди, но не го знам твоето презиме. Те барав со години и не постои ништо што ќе ме спречи да те пронајдам бидејќи отсекогаш те сакав и ми недостасуваше секоја минута од секој ден. Толку те сакам што чувствувам дека си со мене цело време како што беше некогаш. Морам да те видам и да разгговарам со тебе бидејќи пропутив многу од твојот живот. Можеби тоа ќе ја намали болката во градиве. Те молам побарај ме, пишува таткото во писмото.

Мајкл Хогбен во меѓувреме, неодамна ја дознал адресата на својата ќерка.

 

- Реклама -