Германската ученичка Аника Ирмлер го излижа својот пат до „Книгата на
Гинисовите Рекорди“ и стана сопственичка на најдолгиот јазик на светот
со должина од 7 сантиметри.
Германската ученичка Аника Ирмлер го излижа својот пат до „Книгата на Гинисовите Рекорди“ и стана сопственичка на најдолгиот јазик на светот со должина од 7 сантиметри.
„Моите пријатели од секогаш ми велеа дека имам неверојатно долг јазик и дека еден ден ќе можам да направам многу пари со него“ – вели Аника.
12-годишната ученичка од Тангстет, близу Хамбург може да излиже сладолед од дното на корнетот до врвот, додека нејзините пријатели треба да ги користат и прстите.
„Горда сум што сега луѓето од целиот свет ќе може да прочитаат за мене и мојот неверојатен јазик“.