Бејл го одржа првиот тренинг со Реал Мадрид

Најскапиот фудбалер во светот, Герет Бејл започна да тренира со своите нови соиграчи и е чекор поблиску до своето деби за Реал Мадрид.

24-годишниот фудбалер стана најскапиот играч во историјата на фудбалот откако за 86 милиони фунти од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид.

Голем број на фудбалски фанови ги чекаат првите натпревари на Бејл во дресот на Реал Мадрид и одговорот, дали Велшанецот ќе ги оправда големите очекувања.

Бејл денеска го одржа првиот тренинг со Реал Мадрид и можно е веќе овој викенд да дебитира.

„Бејл го започна тренингот со некои индивидуални физички вежби, потоа им се приклучи на останатите фудбалери” – стои во соопштението на Реал Мадрид.

„Велшанецот и останатите репрезентативци потоа работеа со топка во различни вежби”.

На Реал Мадрид му претстои дуел со Виљареал, потоа натпревар против Галатасарај од Лигата на Шампионите.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -