DJ Der Guten Laune – на германски „диџеј Добро Расположение“, е можеби најсреќниот човек на светот штом ќе го почуствува ритамот на музиката. 58-годишниот диџеј од Келн, го посети Копенхаген за да им помогне на WooHoo Inc., компанија што специјализира и промовира работилници и совети за среќа и задоволство на работното место, да го прослават нивниот 10-ти јубилеј. Воодушевени од Der Guten Laune, тие го снимиле, со цел да го претстават овој суперпозитивен лик на јавноста.
Погледнете што го прави посебен овој германски диџеј во следното видео.
Неговото лице мора да боли после сето смеење за време на настапот, но публиката сигурно го обожава. Најинтересно од се, DJ Der Guten Laune вели дека никогаш не користи дрога, ниту алкохол. Е тоа е веќе нешто! Ако сакате да продолжите да се смеете со него, можете да го побарате на Фејсбук.