Научниците тврдат дека пронашле доказ за вонземски живот

Тим научници пуштиле балон на висина од 27 километри во стратосферата кој успеал да фати мали биолошки организми, за кои тврдат дека можат да дојдат само од вселената.Групата која ја предводел професорот по астро-биологија Чандра Викрамасинге, тврди дека „семето на животот“ е посеано помеѓу планетите, од страна на метеор.

Научниците за оваа прилика дизајнирале посебен балон кој бил пуштен во атмосферата. Балонот пренесувал стерилни микроскопски плочки кои биле изложени на атмосферскиот тек, на висина од 27 километри.

Кога паднал балонот на Земјата, научниците откриле  микроскопски водени алги, кои можат да бидат само од вонземјанско потекло.

„Она што го откривме варираше од ултра мали бактерии, се до два необични организми“, изјави професорот.

Тој смета дека ова откритите оди во прилог на теоријата која претпоставува дека животот на земјата настанал од вселената.

Скептиците, од друга страна, веруваат дека „биолошките ентитети“ кои се уловени во стратосферата таму стигнале од Земјата, но професорот аргументира зошто  не е возможно тоа верување.

„Според нашето разбирање, начинот на кој таквите честички можат да бидат пренесени во стратосферата е невозможен. За тоа би била потребна агресивна ерупција на вулкан на денот кога е пуштен балонот, а такво нешто немаше. Доколку не постоеле механизми со чија што помош биолошките ентитети би стигнале до стратосферата од Земјата, тогаш логичниот заклучок е дека икстите дошле од вселената“.

 

- Реклама -