Познато е дека сонот е важен за здравјето и дека недоволното спиење може да биде поврзано со разни болести.
Но, новите истражувања покажуваат силна врска меѓу недоволниот број часови спиење и знаци на стареење на кожата.
Студијата спроведена на Универзитетот во Охајо го испитувала катаболизмот на кожата, процес на синхронизација и чистење на келиите и нивната врска со спиењето. Утвредено е дека лицата кои недоволно спијат губат дури 30 проценти повеќе вода 72 часа по прекинот на заштитните бариери на кожата како изложување на УВ зраци во однос на лицата кои редовно имаат квалитетен сон.
Жените кои спијат малку страдаат од дури два пати повеќе знаци на стареење на кожата како ситни бори, намалување на еластичноста и нерамномерна пигментација. Исто така, кожата побавно им заздравува од изгореници.
Катаболиза е природен процес на прочистување кој помага на келиите да ги отстранат внатрешните нечистотии што може да предизвикаат оштетување на келиите.
Келиите на кожата како и целиот човечки организам имаат природен ритам од 24 часа во кој сами се обновуваат и чистат. Истражувањето покажува дека катаболизата е на своојот врв во текот на ноќта.
Колку сон ни е потребно?
Просечно седум до осум часа.