Жените избираат партнер по мирисот на потта

Основен критериум, кој жените го земаат во предвид при изборот на партнер, е мирисот на телото. До овој заклучок дојдоа  британските научници, според кои сè се крие во генетските параметри.

Во студијата учествувале  шестмина мажи, кои  спиеле две последователни ноќи со иста маичка. Два дена до почетокот на експериментот тие не се јаделе лук, не користеле парфеми и не седеле во  простории со пушачи.

63 хетеросексуални жени на возраст меѓу 18 и 32 години би требало први да ги помирисаат, а потоа да го оценат вкусот на нивните маици од 1 до 7, каде 1 значи „целосно непријатно”, а 7 – „многу убаво”. Потоа жените морале да одговараат на прашањето треба ли да мириса така идниот партнер.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Три месеци подоцна експериментот бил повторно реализиран,а резулатот не се променил. Дефинитивно жените ги привлекувала потта.

Научниците дошле до заклучок дека овој факт може да се објасни со генетските преференции кон одредени мирис на телото. Луѓето, како и животните, несвесно ја користат телесната миризба, привлечени од гените на имунолошкиот систем на спротивниот пол. Жените потсвесно избираат партнер со различен генотип, обезбедувајќи на тој начин различни имунолошки алатки за идните генерации.

- Реклама -