Повеќето луѓе го мијат пилето пред готвење. Тоа е погрешно!
Миењето на пилето пред печење воопшто не е ефикасно во уништувањето на бактериите. Всушност, миењето може само да ги рашири, тврдат истражувачите од Дрексел Универзитетот во Филаделфија.
Научниците објавија и анимирано видео на YouTube кое покажува како при миењето на пилето се распрскуваат наоколу капки вода со што може да се рашират бактерии, вклучувајќи ја и озлогласената салмонела.
„Миењето на пилето пред готвење не се препорачува. Бактериите што се наоѓаат во сировото месо многу лесно може да се пренесат на останатите површини и храна. Некои сметаат дека со миење ќе ги отстранат сите бактерии, но тоа не е точно. Некои остануваат и на сировото месо дури и по неколку миења. Само готвењето на вистинска температура може да ги убие бактериите“, препорачуваат од американскиот Одел за земјоделство, пишува CNN.
Што да направите тогаш со пилешкото? Едноставно, отпакувајте го пилето и ставете го во шпорет затоа што единствено високата температура ефикасно се бори против бактериите.
[youtube]http://youtu.be/JZXDotD4p9c[/youtube]