Први слики од Nexus 5 откриени намерно или не

Google намерно или не го покажа новиот Nexus 5 за време на најавата на оперативниот систем Android 4.4 која во соработка со Nestle ќе го носи името на чоколатцето KitKat.

Сепак, тоа што најмногу привлече внимание е смартфонот во рацете на двајца вработени кој изгледа сосема нов и се претпоставува дека е прототип на Nexus 5.

1

Дали ова беше добро смислен потег на Google за привлекување на внимание ќе се покаже во наредниот период кога се очекуваат првите официјални информации за Nexus 5, но врз база на првите слики кои протекоа во јавноста и досегашното искуство со сигурност може да очекуваме ново дополнување на Nexus серијата.

Nexus-5-1

Како што може да се види од овие слики повторно е избран LG како партнер за изработка и донекаде дизајнот се поклопува со тоа што го очекувавме, односно смартфон кој ќе биде базиран на изгледот на LG G2, од кого сите се воодушевени. Секако во игра е уште еден Nexus, но изработен според моделот на Motorola Moto X.

nexus-5530x290_090913_165812

За можниот датум на официјална промоција е тешко да се прогнозира, но тоа што е сигурно е дека Nexus 5 ќе биде презентиран во пакет заедно со новиот оперативен систем Android 4.4 KitKat, а доколку сме оптимистички настроени тоа би се случило најрано кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -