Бугарите повторно ископаа вампир

Само неколку дена по откритието во Перпериктон, група археолози повторно пронајдоа остатоци од вампир. Археолозите во Несебар очигледно последователно  наидоа на интересни откритија. Човек со заглавен железен нож меѓу ребрата бил откриен при ископувањата на црквата „Св Архангел Михаил и Гаврил”, информираат од општина Несебар.

Гробот е од XVII век. Постојат две опции. Едната е да се работело за криминален случај, или пак, ножот да бил заглавен по смртта на закопаниот со цел спречување на враќањето меѓу живите – т.н. „вампирисување”. Последните неколку дена беа пронајдени и гробови кои веројатно постојат  од XIII век, што индиректно е доказ дека и црквата „Св Архангел Михаил и Гаврил” е изградена врз претходниот храм.

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција

Пронајден бил и гроб на дете од XIV век, погребано во ковчег, поплавен до  врвот со вар. Вака биле погребувани оние кои биле заразени од чудни епидемии,  за  на тој начин  да се запре ширењето на заразата.

 

- Реклама -