Роденденот на Фреди Меркјури ќе биде одбележан со забави низ целиот свет

 

Покојниот пејач на Queen, Фреди Мејкјури денеска би требал да наполни  67 години. Во негова чест се подготват прослави низ целиот свет. Вечерва тематските забави  ќе има во Хелсинки, Амстердам, Барселона, Мадрид, Брисел, Копенхаген, Келн, Берлин, Минхен, Единбург, Фиренца, Венеција, Рим, Лондон, Манчестер, Прага, Париз , Варшава, Краков, Даблин, Лисабон, па дури и во Буенос Аирес и Токио.

Фондацијата со негово име (Мercury Рhoenix Тrust) пишува дека секој може да го одбележи денот со тоа што например ќе залепи  мустаќи, ќе ги изненади  своите колеги на работа со некои од најсимболичните костуми на изведувачот, или едноставно, ќе донира  пари за борба со СИДА.

freddie_1530365c

Фреди Меркјури (роден како Фарок Булсара на 5 септември 1946, починал на 24 ноември 1991 година) беше британски музичар, најмногу познат како водечки вокал и текстописец на рок групата Квин. Како изведувач, беше познат по својата екстравагантна сценска личност и моќни вокали со опсег од над четири октави.

Freddie-Mercury-of-Queen-007

Тој умре од бронхо – пневмонија предизвикана од СИДА на 24 ноември 1991 година, само еден ден откако јавно призна дека е заболен. Меркјури е роден во Занзибар и таму израснал, исто така како тинејџер живеел во Индија, го нарекоа „првата азиска рок ѕвезда во Британија“. Во 2006 година, Тајм Азиа го именуваше како еден од највлијателните азиски херои во изминатите 60 години, а и понатаму добива најмногу гласови за најдобар пејач во историјата на популарната музика. Во 2005 година, на анкета организирана од Блендер и Ем-Ти-Ви 2, Меркјури беше најдобар машки пејач на сите времиња. Во 2009 година, на анкета на Класик Рок, беше најдобар рок пејач на сите времиња. Во 2008 година, уредниците на Ролинг Стоун го рангираа на 18-тото место на нивната листа на 100 најдобри пејачи на сите времиња. Олмјузик го окарактеризира Меркјури како „еден од најдобрите рок забавувачи на сите времиња“, кој поседуваше „еден од најдобрите вокали во целата музика“.

iconic-freddie-mercury

 

- Реклама -