Голем број жени се спремни да се откажат од многу работи во обидот да го запрат процесот на стареење.
Благодарение на најновото истражување на козметичката куќа Elizabeth Arden откриено е дека жените се спремни да жртвуваат многу повеќе само за да го задржат младиот изглед.
Козметичката куќа спровела онлајн анкета за да открие од кои „бјути“ трикови и други секојдневни ритуали жените се спремни да се откажат само за да изгледаат младо.
Ова се резултатите:
33 % би се откажале од социјалните мрежи една година
24 % би се откажале од козметички третмани
22 % би се откажале од бојадисување на подраснатите корени на косата
19 % би се откажале од секс една година
17 % би прифатиле седумдневна работа во неделата