Шармантна артистичка колаборација со 4-годишно девојче

Што се случува кога вашата професионална уметничка илустрација ќе добие доза уметнички израз од 4-годишно дете? Одговорот е: шармантна комбинација од перфекција на возрасен и детска имагинација.

Мика Анџела Хендрикс е професионален илустратор и посветен перфекционист, па препуштањето на нејзините висококвалитетни артистички дела на имагинацијата на нејзината 4-годишна ќерка би бил храбар чекор. Баш таков чекор прави Хендрикс. Таа изработува високодетална илустрација на глава, а потоа нејзината ќерка го довршува цртежот со пенкало и маркер.

img_5499

„Понекогаш и давам сугестии, на пример „Можеби таа треба да има тело на змеј!“, но речиси секогаш таа ги игнорира моите совети, ако не се поклопуваат со она што таа го замислила.“, објаснува Мика. Често ги прави илустрациите со одредена визија за тоа како би требало да изгледа крајното дело, надевајќи се дека нејзината ќерка ќе ги согледа истите, но тоа скоро и да не се случува. Како што вели Мика, детската имагинација далеку ја надминува онаа на возрасните, па производот е секогаш подобар од она што таа го имала во глава, дури и кога 4-годишното девојче ќе нацрта голем круг околу нејзината илустрација и ќе го обои со маркер.

Цртежот подолу е добар пример за ова што го зборува Мика. Според нејзината ќерка, кругот околу телото е обвивка на ларвата на гасеницата, која чека да се преобрази во пеперутка.

Четиригодишното девојче е перфектен пример за магијата на младиот ум и тоа што значи да се биде слободен од било какви очекувања и лимитации што си ги наметнуваме додека старееме.

img_5144

Погледнете уште некои од делата на ова артистичко дуо:

img_5151 img_5614 img_5813 mr-beever outer-face scan-10

- Реклама -