По неколкумесечни шпекулации, потрагата по главните улоги за филмската адаптација на „50 Shades of Grey“ конечно заврши.
Дакота Џонсон и Чарли Хунам ќе ги играат улогите на Анастасија Стил и Кристијан Греј во екранизацијата на еротската новела.
Оваа вест на Твитер ја објави авторката на книгата Е.Л. Џејмс: „Добро утро. Држете ги капите“, напишала пред да ја објави долгоочекуваната вест.
Дакота, 23, е позната по улогата во „Social Network“ во кој имаше љубовна сцена со Џастин Тимберлејк и малите улоги во „21 Jump Street“, „The Five-Year Engagement“ и „Beastly“. Таа е ќерка на Дон Џонсон, познат по телевизиските шоуа „Miami Vice“ и „Nash Bridges“ и неговата поранешна сопруга, актерката Мелани Грифит.
33-годишниот Британец Чарли е познат по улогите во „Sons Of Anarchy“ и во „Pаcific Rim“.