Ferrero Rocher (Фереро) торта

Сигурно сте љубител на најслатките чоколатца Ferrero Rocher. Сега научете како да направите цела торта со овој неодолив вкус.

Состојки:

За кора: 12 јајца, 12 лажици шеќер, 4 кесички ванилин шеќер, 240г чоколадо за готвење, 4 лажици презла, 12 лажици брашно, 2 кесички прашок за пециво, 12 лажици мелени лешници, 160г путер, 100 мл чоколадно или обично млеко

За фил: 500мл слатка павлака, 400г бело чоколадо, 500г слатко крем сирење, 6 лажици мелени лешници, 1 лажица какао, чоколадно млеко

8005150265_7d9e2a358c_z

Подготовка:

Добро сматете три белки со три лажици шеќер. На пареа растопете 60г чоколадо и 40г путер.

Три жолчки и кесичка ванилин шеќер сматете добро, па додајте лажичка презла, три лажици брашно, половина кесичка прашок за пециво и три лажици мелени лешници.

Смесата составете ја со растопеното чоколадо и на крајот со снегот од белките. Печете ја добиената смеса во плех во форма на квадрат обложен со хартија за печење. Печете околу 20 минути на 180 степени.

На ист начин испечете уште три кори.

За фил добро сматете слатка павлака и лесно составете ја со крем сирењето и растопеното бело чоколадо. Додајте мелени лешници. Филувајте ги корите кои претходно сте ги попрскале со чоколадно млеко. Во преостанатиот фил измешајте какао иисфилувајте ја последната кора.

Декорирајте по желба.

Добар апетит!

- Реклама -