Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
– Што е ова?
– Домати.
– Дај ми еден килограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
– А ова?
– Пиперки.
– Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
– Што е ова?
Цветко рекол:
– Тоа е леќа, ама не е за продавање.