Facebook ќе ги користи нашите имиња и фотографии за реклами

Facebook ќе направи сериозни промени во својата политика за користење на личните податоци на своите корисници.

Согласно со новите правила кои се дискутирани во моментот, Facebook може да ги користи фотографиите од профилите на корисниците за реклами, соопшти AllThingsD.

Неодамна социјалната мрежа беше осудена да плати 20 милиони долари поради користење на фотографиите и содржината на корисниците во своите реклами, без нивна согласност и без никаков паричен надомест. Facebook таа сума треба да ја исплати на 614 илјади корисници.

Со овие нови правила, компанијата сака да се заштити од вакви слични обвинувања како и да склучи договори со своите корисници за тоа како нивните лични податоци можат да се користат за реклами.

Откако овие нови правила ќе стапат во сила, Facebook ќе има право да го користи името и фотографии на корисникот за реклама или за платени вести (Sponsored Stories), без да плаќа каква и да е компензација. Друга интересна промена е можноста Facebook да ги користи фотографиите на корисниците за барање на сличности во други фотографии на нивните пријатели со цел подобрување на функцијата за тагирање на фотографиите. Ако корисникот не сака Facebook да си игра со неговото лице, може да ја исклучи таа опција од поставките.

Screen-Shot-2013-08-27-at-11.22.36-AM

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -