Дрогата, алкохолот и депресијата убиваат повеќе луѓе отколку ХИВ-от и дијабетесот

Повеќе од една петина од сите смртни случаи во светот секоја година се предизвикани од нарушена исхрана, депресија и зависности.

Околу 22.8% од сите смртни случаи во светот се последица од конзумирањето дрога, алкохол и ментални болести, покажа истражувањето на Светската здравствена организација. Според него, повеќето луѓе умираат од овие, на изглед несмртоносни болести, отколку од најпознатите здравствени закани на 21-виот век – вирусот ХИВ, дијабетесот и туберколозата кои се специфични за неразвиените земји.

Студијата опфатила здравствени податоци од 187 земји.

- Реклама -