Многу луѓе кои денот го почнуваат со кафе наместо со вода прават голема грешка. Кафето е диуретик кој исфрла од организмот седум пати повеќе течности отколку што се внесува преку шолјата кафе.
Најчест лекарски совет, особено во летниот период, е да внесувате доволно течности. Но, и покрај тоа, според истражувањата 70 проценти од луѓето во светот пијат помалку од 1.5 литри вода дневно.
Лекарите тврдат дека луѓето грешат со тоа што кога ќе се разбудат наместо да испијат вода, веднаш пијат кафе.
За да бидеме сигурни дека нашето тело нема секојдневно да биде жедно, мора да создадеме навика да пиеме најмалку 6 чаши вода дневно.
Во време кога не е многу топло, стандардната потреба за течности е 2.8 литри. Течности внесуваме и преку храната, овошјето и зеленчукот, но треба да внесеме и најмалку 1.2 литри вода.
За жал многу луѓе имаат нарушен мханизам на хидратација, нарушен уште во детството, со навиката на родителите на детето наутро прво да му дадат храна, а потоа вода. Дури и возрасните кога се жедни не го препознаваат тоа чувство, туку посегнуваат по храна. Пушачите, исто така, имаат нарушено чувство за жед и често го толкуваат како потреба за цигара, дури и тогаш кога организмот јавува дека е жеден – сува уста, поспаност и умор, дури и главоболка.
За да бидете сигурни дека внесувате доволно течности, направете едноставен тест – бојата на урината покажува дали сте пиеле доволно вода: таа наутро може да биде благо жолта, но ако во текот на денот внесете доволно вода, урината ќе биде речиси безбојна.